Начало
Екскурзии и почивки
Направления
Календар
Промоции
Горещи оферти
Хотелски резервации
Самолетни билети
Вход за клиенти
Офиси и контакти
Промоции
Горещи оферти
Потвърдени дати
Календар
Празници
55+
Испания
Италия
Гърция
Чехия
Турция
РАННИ ЗАПИСВАНИЯ
ЕКЗОТИКА
ВАКАНЦИОННИ ПРОГРАМИ
ЕКСКУРЗИИ с АВТОБУС
ЕКСКУРЗИИ със САМОЛЕТ
СЕПТЕМВРИЙСКИ ПРАЗНИЦИ

Санта Круз де Тенерифе

Испания

Градот Санта Круз де Тенерифе се наоѓа во североизточниот дел на прекрасниот Канарски остров, Тенерифе. Градот е со население од 223 000 души и е главен град како на островот така и на целата провинција. Заедно со соседниот град Сан Кристобал де Ла Лагуна и други блиски гратчиња формираат агломерација со над половина милион жители. Санта Круз е основан во 1494 година и е типичен шпански град, жив и динамичен со широки булеварди и тесни улички, просторни плоштади, фонтани, продавници и пазари. Архитектурата датира од крајот на 19ти почетокот на 20ти век и како во секој типилен медитерански град преовладуваат најчесто згради во колонијален стил на околу два - три ката со рамни покриви и обоена во светли пастелни тонови.

Градскиот центар е многу пријатно место за прошетка не само за туристи, но и за локалните жители.Чистотата и прекрасната архитектура се комбинираат совршено со егзотичната вегетација.Најголем и најпознат е паркот Гарсија Санабрија, кој плени со своето раскошно зеленило и клупи за одмор под сенка. Меѓу најпознатите места за прошетка е улица Рамбла дел Генерал Франко. Ова е голема улица, која има широко шеталиштето за пешаци.

Друго интересно место за прошетка е булевард Франсиско ла Роче кој што минува покрај пристаништето на градот до Плаза де Еспанија – плоштад кој што е заобиколен со прекрасни згради и се смета за најголемиот во Санта Круз. Во средината на паркот има вештачко езеро. Според локалните жители местото е најцентралното во Санта Круз де Тенерифе. Наблизо до езерото се наоѓа споменикот на загинатите во граѓанската војна - “Монументо а Лос Каидос”. Следејќи по брегот на Атлантикот може да се стигне до најпознатата современа зграда на Канарските Острови - Аудиториум Тенерифе. Непосредно до Аудиториумот на самиот морски брег се наоѓа Морски парк Сезар Манрике. Тој е познат со своите базени со морска вода. 

Екскурзии и почивки до Испания »